Ужасниот напад, во кој за среќа нема повредени, се случил минатиот четврток и бил снимен со камера, објави денеска хрватски Дневник.
Нападот се случил на железничката станица во Детинген, а на морничавиот напад му претходела расправија. Осомничениот Хрват, кој носел препознатлив дрес на коцкички, нападнал Полјак со мачета.
„Напаѓачот во црвена маица мавтал со две сечила што личеле на џиновски мачети“, изјавил сведок за Блик.
За среќа, полицијата брзо пристигнала и го соборила Хрватот на земја. Друг маж седел на шините и го гледал целиот настан од далечина. Полицијата не потврдила дали осомничениот користел подолг нож или мачета, но го опишала оружјето како „опасен предмет“.
🇨🇭🔪 FLASH - Une violente dispute a éclaté jeudi vers 22h à la gare de Döttingen (AG). Un homme de 29 ans est revenu sur place armé d’une machette. Il a été désarmé puis arrêté par un important dispositif policier. Un autre homme de 34 ans a également été interpellé. Aucun blessé… pic.twitter.com/vf2XBQVv08
— SuisseAlert (@SuisseAlert) July 18, 2025
Како што објавиле, 29-годишниот Хрват одеднаш ја напуштил станицата за време на расправијата, само за да се врати со мачета, со која почнал да мавта и да му се заканува на Полјакот.
„Никој не беше повреден во расправијата. Причината за конфликтот сè уште не е целосно утврдена. Нема докази за екстремистичка мотивација“, соопшти полицијата.