Ужас во Италија: Девет мажи силувале девојчиња на 10 и 12 годишна возраст и пренесувале во живо

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Италија: Девет мажи силувале девојчиња на 10 и 12 годишна возраст и пренесувале во живо

Веста за силувањето на девојчињата, кои се братучетки, ја шокираше Италија кога беше објавена во август. Силувањето се случило во јули, а девојчињата наводно неколку пати биле силувани од групата мажи. Засега не се познати дополнителни информации за тоа како девојчињата се поврзани со напаѓачите, ниту пак има детали за идентитетот на напаѓачите.

Еден од деветтемина уапсени снимил едно од силувањата и го пренесувал во живо, изјави судијата за малолетници од Неапол во налогот за апсење. Седум малолетници и двајца полнолетни тинејџери се уапсени или подложени на други мерки на претпазливост, соопшти обвинителот.

Истражниот судија Умберто Лукарели рече дека осомничените „брутално ја искористиле слабоста и возраста на нивните жртви, сигурни дека нема да бидат пријавени поради срам и закана дека ќе ги дистрибуираат видеата со силување“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата