Бруталниот напад се случил по жестока расправија вчера рано наутро. Жената била пренесена во болница со повеќе убодни рани, а повредите со кои се здобила се опасни по живот, пишува Билд.
Околу 8 часот наутро спасувачите одговориле на итен повик и пристигнале на домашна адреса во северната област Еберсберг. Таму пронашле тешко повредена жена, на која ѝ била дадена итна помош и истиот ден и била направена итна операција.
Осомничениот сторител, кој исто така бил во станот, полицијата без отпор го привела. Му го одзеле кујнскиот нож со кој ја нападнал сопругата.
Gerade bei BILD gefunden:
— 🇩🇪 Patriot Helmut TV 🇩🇪 (@PatriotHelmutTV) November 5, 2024
Sie hatte sich gerade von ihm getrennt: Mann sticht Frau vor Augen der drei Kinder (3, 4, 6) tot
Garantiert wieder ein Einzelfall eines angeblich traumatisierten.https://t.co/aNNET5taWf
Mehr über BILDplus erfahren auf: https://t.co/hER1mfT2Ea
На барање на второстепеното јавно обвинителство во Минхен, денеска пред истражен судија е изведен германскиот државјанин со турско потекло, а потоа е префрлен во казнена установа.
Децата на брачниот пар, кои биле присутни во станот за време на злосторството, биле привремено преземени од Канцеларијата за заштита на млади во Еберсберг.