Осомничениот бил уапсен неколку часа подоцна, објави Билд.
Осомничениот вчера околу 15 часот влегол во болницата во малиот град Бад Звестен и нападнал 50-годишна медицинска сестра пред да побегне. И покрај напорите на колегите, несреќната жена починала на лице место.
Жртвата работела како медицински асистент, а инспекторите брзо го идентификувале осомничениот и уапсиле 58-годишен маж од областа Пасау во текот на ноќта. Тој е уапсен во близина на границата со Австрија, на постојка за одмор на автопатот во Баварија.
Надлежните соопштија дека се одземени и докази, без дополнително објаснување. Обвинителството и полицијата рекоа дека сè уште истражуваат што точно се случило и зошто.
Во болницата денеска се откажани закажаните прегледи и консултации, додека полицијата врши увид на местото на злосторството. Засега не е познато дали жртвата и убиецот се познавале од претходно.