Ужас во Чешка: Доктор ја убил колешката со секира, па се обидел да си пресуди

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Чешка: Доктор ја убил колешката со секира, па се обидел да си пресуди

Претходно, напаѓачот силувал друга жена во Трмошна, ја врзал и се обидел да ја убие откако ја нападнал, но за среќа таа преживеала. Таа веднаш ја алармирала полицијата.

Од Трмошна докторот отишол во Пилсен, каде упаднал во станот на Михаела и брутално ја убил.

Откако ја убил докторката, се обидел да си ги пресече вените, но не успеал.

Она што е неверојатно е што никој не слушнал што се случило во станот и сѐ се случило во мир и тишина.

"Знаевме дека нешто се случува кога нѐ повика полицијата. Ни кажаа дека бараат некого. Немавме поим што се случува. За тоа дознавме од медиумите", велат соседите на Михаела.

"Ужасно е, јас и мојата сопруга сме страшно потресени од тоа иако не ја познававме лично. Знам дека станарите овде често се менуваат. Таа живееше под нас", додале тие.

Според првичните информации, уапсен е 40-годишниот началник на Одделот за интерна медицина на окружната болница.

Како што пишуваат чешките медиуми, првото злосторство се случило во саботата вечерта.

„Човекот е осомничен за особено тешки кривични дела убиство и обид за убиство. Засега нема дополнителни конкретни информации за настаните“, изјави портпаролката на полицијата Павла Бурешова за интернет порталот plzenski.denik.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата