Според информациите, станарите од зградата во Берлин повикале полиција околу 03:50 часот.
Тие претходно слушнале силна бучава од станот на приземјето и забележале дека надвор се фрлаат предмети. Засега не е јасно какви биле тие предмети, пишува Билд.
„Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и упаднала во станот. Внатре пронашле безживотно тригодишно дете и неговата мајка“, изјавил портпаролот на полицијата.
Поради околностите во кои е пронајдено детето, истражителите сметаат дека се работи за убиство. Затоа, мајката се смета за главен осомничен.
Наредена е обдукција на телото на детето.