Властите сè уште не ги наведуваат имињата на жртвите, но соопштија дека децата се на 10, 12 и 17 години.
Поручникот Дина Томс на прес-конференцијата рече дека полицијата добила дојава за семејна расправија и дека кога пристигнала на местото на настанот околу 9 часот, пронашле пет тела. „Врз основа на доказите и досегашната истрага, се чини дека мажот ги убил сопругата и малолетниците со нож, кој го најдовме на местото на настанот. Мотивот засега е непознат“, рекла Томс, а пренесува NBC News.
Поручникот рече дека тоа е најсмртоносното злосторство во Хонолулу откако седум лица беа убиени во зградата на корпорацијата Xerox во 1999 година.