Разбеснето животно решило да го повреди неименуваниот млад човек, фрлајќи го во воздух, бодејќи го со роговите и удирајќи го со глава.
Преплашениот млад човек постојано се обидувал да се вовлече под дрвената ограда, додека бикот го прободувал по телото и нозете.
Не помогнало тоа што други луѓе се обиделе да му го одвлечат вниманието, пренесува Daily Mail.
Некои го влечеа за опашката и го клоцаа, но огромното животно беше решено да му наштети на „ривалот“.
Несреќниот човек на крајот успеал да најде засолниште, а малку подоцна бил пренесен во болница.
Повредите не се наведени, но биле опишани како сериозни.