Ушаков: Сè уште не сме го виделе новиот план на Трамп

12.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ушаков: Сè уште не сме го виделе новиот план на Трамп

- Не ја имаме видено ревидираната верзија на американскиот предлог. Кога ќе ја видиме, можеби нема да ни се допадне, така чувствувам, наведе Ушаков.

Тој додаде дека се очекува европските и украинските претставници да учествуваат во „активна сесија за размена на идеи“ во текот на викендот и оти Кремљ треба да види каков ќе биде исходот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера посочи дека повеќе нема „недоразбирања“ со Вашингтон околу Украина, додавајќи оти Москва сака секој мировен план да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите вклучени страни. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата