Унгарија ќе постави систем за противвоздушна одбрана во близина на украинската граница

21.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарија ќе постави систем за противвоздушна одбрана во близина на украинската граница

Рускиот претседател Владимир Путин завчера го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на поширок опсег на конвенционални напади, откако САД и дозволија на Украина да истрела американски проектили длабоко во Русија.

Украина за прв пат завчера употреби американски ракети АТАКМС, соопшти Москва, што Русија го смета за голема ескалација.

- Сè уште веруваме дека мирот ќе се постигне што е можно поскоро, преку дипломатија наместо со воено решение, рече Кристоф Шалај-Бобровницки во видео објавено синоќа на неговиот Фејсбук.

Сепак, за да се подготвиме за сите можности, наредив неодамна купените системи за контрола на воздушниот простор и противвоздушна одбрана и со тоа што се опремени, да бидат распоредени на североисток, рече тој по состанокот на Советот за одбрана, што го свика премиерот Виктор Орбан, со цел да се разговара за развојот на настаните во Украина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата