Украинските власти објавија национална воздушна тревога

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинските власти објавија национална воздушна тревога

Украинските воздухопловни сили на Телеграм објавија за проектили кои летаат кон Криви Рог, родното место на претседателот Володимир Зеленски во централна Украина, како и кон регионите Чернихив, Полтава и Миколаев.

Се додава дека е „откриена е и група крстосувачки ракети кои се упатуваат кон Киев“.

Украинасиноќа соопшти дека го извршила својот „најголем“ напад врз воени и индустриски објекти во неколку руски региони од почетокот на војната.

Според руското Министерство за одбрана, нападот бил извршен со шест американски ракети АТАКМС и шест британски ракети „Сторм шадоу“. Министерството посочи дека сите гранати биле соборени без да предизвикаат жртви.

Русија вети систематски одговор на секој напад на нејзина територија со западни ракети. Москва се закани дека ќе ја користи својата нова експериментална хиперсонична ракета „Орешник“./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата