Украинската армија веќе ја проби првата линија на руската одбрана?

10.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинската армија веќе ја проби првата линија на руската одбрана?

Во својот дневен брифинг за разузнавање, министерството за одбрана рече дека имало „значајни операции во неколку сектори источно и јужно од Украина“.

Во него се наведува дека војниците постигнале „добар напредок во некои области, каде што ја пробиле првата линија на руската одбрана“.

„Во други, украинскиот напредок беше побавен“, се додава. Според Британците, руската одбрана со некои единици „врши маневарски одбранбени операции, додека други се повлекуваат“.

Извештаите за руски жртви се зголемуваат бидејќи нивната армија е принудена да се повлече низ сопствените мински полиња, соопшти министерството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата