Украина тврди дека уништила два руски авиона Су-27 на Крим

20.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина тврди дека уништила два руски авиона Су-27 на Крим

- Еден од авионите полн со муниција беше на пистата подготвен за борбен лет. Уништен е. Проценетата вредност на двата авиона е околу 70 милиони американски долари, објави СБУ на Телеграм.

Исто така се тврди дека е погодена и контролната кула е погодена.

СБУ истакна дека тоа е втор успешен напад врз аеродромот Белбек изминатите денови. Беспилотните летала на СБУ пред два дена погодија руска опрема вредна стотици милиони долари на овој аеродром – два радари „небо-СВУ“, радар 92Н6 од системот за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“, систем за воздушна одбрана „панцер-С2“ и авион МиГ-31 полн со муниција.

Претходно, Генералштабот на украинската армија соопшти дека синоќа со дронови го нападнала руски воен брод „Охотник“, кој патролирал во близина на нафтена и гасна платформа во Касписко Море. Нападнатиот реон е оддалечен повеќе од 1.800 километри од украинскиот брод.

Во соопштението на ГШ на украинската армија се наведува дека во нападот погодена е и платформа за дупчење во сопственост на Лукоил. Според Киев платформата ги снабдувала руските сили.

Украина тврди дека развила борбени беспилотни летала со дострел од над 2.000 километри. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата