Украина соопшти дека е уништен транспортен авион на армијата во Русија

14.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина соопшти дека е уништен транспортен авион на армијата во Русија

Воената разузнавачка агенција соопшти дека уништила транспортен авион Ту-134 во текот на ноќта помеѓу сабота и недела на воен аеродром во регионот Оренбург, што се наоѓа на околу 1.000 километри од границата со Украина.

-Овие авиони од советско производство се користат главно за транспорт на раководството на руското Министерство за одбрана, објави военото разузнавање на Министерството за одбрана на Украина на социјалните мрежи. Агенцијата објави снимка од, како што рече Украина, подметнат пожар, на кој се гледа пожар во авион, но не наведе детали за тоа како бил извршен наводниот напад.

Засега нема коментар за конкретните тврдења од Москва. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата