УКРАИНА ДОБИВА БОРБЕНИ АВИОНИ: Зеленски се пофали од Холандија со 42, а ќе има уште

20.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УКРАИНА ДОБИВА БОРБЕНИ АВИОНИ: Зеленски се пофали од Холандија со 42, а ќе има уште

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија и Данска ќе и достават неодреден број борбени авиони Ф-16 на Украина штом ќе се исполнат условите за трансфер.

Ова ветување, дадено за време на посетите на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Холандија, е првото вистинско ветување за испорака на Ф-16 на украинските вооружени сили. Тоа доаѓа неколку дена откако САД одобрија можна испорака на борбени авиони од Холандија и Данска.

42 авиони. И тоа е само почеток

Иако Холандија не објави колку авиони Ф-16 ќе им испрати на Украинците, украинскиот претседател Володимир Зеленски го стори тоа на Твитер

„Марк Руте и јас постигнавме договор за бројот на авиони Ф-16 кои ќе бидат префрлени во Украина откако нашите пилоти и инженери ќе ја завршат обуката. 42 авиони. И тоа е само почеток“, напиша Зеленски.

Украина долго време лобира

Од почетокот на војната, Украина интензивно лобира кај меѓународната заедница за да ги добие овие авиони и конечно ја надмина американската неодлучност во мај, кога претседателот Џо Бајден ги одобри програмите за обука на украинските пилоти Ф-16. Во тоа време, се надеваше дека обуката ќе започне „во наредните недели“.

F-16 Fighting Falcon е лесен борбен авион кој првично беше дизајниран во 1970-тите. За прв пат беше воведен во употреба во 1979 година и беше интензивно користен од американските воздухопловни сили и во војните во Ирак и во Авганистан. Украина моментално оперира со мала воздухопловна сила базирана на советски авиони, но тие не се споредуваат со руските еквиваленти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата