Не се сопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади.
Иранските медиуми објавија и дека во нападите на Израел врз Техеран била погодена станбена зграда, при што загинале 60 лица, меѓу кои и 20 деца.
Во меѓувреме, Иран потврди и дека нуклеарниот објект Фордоу претрпел ограничена штета од нападите, но оти нема опасност од радијација.