Убиени се двајца припадници на Националната гарда во пукотницата кај Белата куќа, се огласи и Трамп

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиени се двајца припадници на Националната гарда во пукотницата кај Белата куќа, се огласи и Трамп

„Со голема тага можеме да потврдиме дека двајцата припадници на Националната гарда на Вирџинија, кои беа ранети порано денес во Вашингтон, починаа од повредите“, рече Морисеј. „Овие храбри жители на Вирџинија ги загубија своите животи служејќи ја својата земја.“

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, потврди дека агенцијата е на местото на пукањето, објави Скај Њуз.

Заменик-директорот Ден Бонгино, во објава на социјалните мрежи, додава:

„Персоналот на ФБИ помага во истрагата за пукањето на членовите на нашата Национална гарда во Вашингтон.

„Ве молам, одвојте еден момент и молете се за овие херои и нивните семејства.

„Бог да ја благослови Америка и сите оние што ја бранат.“

Се јави претседателот на САД, Доналд Трамп по пукањето во Вашингтон.

Тој вели дека двајцата членови на Националната гарда кои беа застрелани се „критично ранети“ и се во одделни болници.

Американскиот претседател, исто така, го опишува вооружениот напаѓач како „животно“ и вели дека ќе „платат многу висока цена“.

Објавата на Трамп доаѓа пред да биде објавена веста дека двајцата војници им подлегнале на повредите по пуотницата во близина на Белата куќа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата