Уапсен е осомничен за поставување бомби ноќта пред нападот на Капитол

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен е осомничен за поставување бомби ноќта пред нападот на Капитол

Американските власти уапсија маж осомничен за поставување експлозивни направи во облик на цевка во Вашингтон ноќта пред нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, изјави денеска функционер на Министерството за правда на САД и извор запознаен со случајот.

ФБИ објави снимки од надзорни камери, понуди награда од 500.000 долари и доби стотици дојави за време на долгогодишната потрага по осомничениот, објави Ројтерс.

Снимката, датирана од 5 јануари 2021 година, покажува лице како поставува бомби покрај клупа пред седиштето на Демократскиот национален комитет.

Осомничениот поставил уште една бомба во седиштето на Републиканската партија.

Двете локации се во близина на Капитол.

Бомбите беа откриени истиот ден кога поддржувачите на тогашниот републикански кандидат Доналд Трамп упаднаа во Капитол во обид да ги спречат пратениците да ја потврдат победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на изборите во 2020 година.

Полицијата ги деактивираше и ниту една од нив не експлодираше.

Во немирите што избувнаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, демонстрантите ги пробија полициските барикади, нападнаа околу 140 полицајци и предизвикаа штета од над 2,8 милиони долари.

Трамп вети дека ќе помилува барем дел од речиси 1.600-те лица кои се кривично гонети за учество во немирите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата