Турција ги нападна Курдите во Сирија, убиени се над 20 милитанти

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција ги нападна Курдите во Сирија, убиени се над 20 милитанти

Министерството соопшти дека 20 милитанти на Курдистанската работничка партија (ПКК) и сириските Курди ЈПГ, кои се подготвувале за напад, биле убиени во северна Сирија, додека еден милитант бил убиен во северен Ирак. „Ние ефективно и решително ќе продолжиме со нашите операции“, додаде Министерството.

ПКК, прогласена за терористичка организација од Турција, Европската унија и САД, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во конфликтот загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Турција ја смета ЈПГ, водечката сила во Сириските демократски сили (SDF) поддржани од САД, за продолжување на ПКК и на сличен начин ја класифицира како терористичка група.

По падот на сирискиот претседател Башар ал Асад претходно овој месец, Анкара инсистираше ЈПГ да се распушти, тврдејќи дека за групата нема место во иднината на Сирија.

Непријателствата меѓу сириските фракции поддржани од Турција и ЈПГ продолжуваат во североисточна Сирија. Анкара редовно извршува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, која има бази во планинските региони на северен Ирак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата