Според Министерството, проценетата вредност на запленетата дрога надминува 5,6 милијарди турски лири (околу 164 милиони евра), а обвинителството веќе покренало истрага за случајот.
Од Министерството додаваат дека во периодот јануари – јуни 2025 година, турските царински служби заплениле повеќе од 17 тона дрога со вкупна вредност од над 19,9 милијарди турски лири (околу 581 милион евра), што претставува раст од 234 проценти во однос на претходниот период и претставува историски рекорд.