Туристи на плажа собираат килибар, најсреќните може да заработат и 5.000 евра дневно (ВИДЕО)

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туристи на плажа собираат килибар, најсреќните може да заработат и 5.000 евра дневно (ВИДЕО)

Иако временските услови повеќе потсетуваа на есен отколку на лето, тоа беше совршено време туристите и локалното население да прошетаат во потрага по вредни парчиња „балтичко злато“.

„Каква викенд берба“

Ако не сте запознаени, станува збор за балтички килибар, фосилизирана смола што се користи за изработка на накит и декоративни предмети, а се одликува со својата исклучителна транспарентност и палета на бои, од златно жолта до ретки нијанси на црвена, сина и зелена боја.

Видеа од уникатните примероци откриени на плажата во Пжебрно, град во близина на Гдањск, беа објавени на социјалните мрежи. Луѓето беа воодушевени од количината на килибар.

„Неверојатно! Каква викенд берба, и тоа во јули. Го сакам килибарот. Некои луѓе едноставно имаат среќа“, коментираа гледачите.

Колку чини килибарот?

За време на бура, брановите и струите ги креваат слоевите седименти, ослободувајќи претходно потопени парчиња килибар, кои пловат на површината на водата и завршуваат на брегот поради нивната леснотија.

Помалку туристи за време на дождливите денови значат поголеми шанси за оние кои се осмелуваат да ги пребаруваат плажите и да пронајдат вистински богатства, објавува Klix.ba.

Цената на килибарот зависи од неговата големина и квалитет. Мало парче, со тежина од околу еден грам, може да чини помеѓу 46 и 70 евра. Од друга страна, примерок со тежина од околу 200 грама може да достигне цена до 5.000 евра.

Патем, цената на килибарот расте годишно за помеѓу пет и 10 проценти. Кина долго време покажува голем интерес за балтичкиот килибар, кој е повеќе ценет од кинескиот или бурманскиот, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа скапоцена смола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата