Туристи евакуирани од северниот дел на Големиот Кањон во кој беснее шумски пожар

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туристи евакуирани од северниот дел на Големиот Кањон во кој беснее шумски пожар

„Сите посетители на северниот дел од Националниот парк Големиот Кањон (Северен раб) мора веднаш да се евакуираат“, објави Националната служба за паркови на својата веб-страница.

Евакуацијата е наредена поради брзото ширење на шумскиот пожар, што  малку подалеку на север веќе проголта повеќе од 400 хектари. Јужниот дел од паркот, што е претежно посетен од туристи, сè уште е достапен.

Големиот Кањон е една од најпопуларните туристички дестинации во САД и го посетуваат речиси пет милиони луѓе секоја година. Друг национален парк на југозападот од земјата, Црниот Кањон Ганисон, во Колорадо, вчера беше целосно евакуиран поради друг пожар.

Пожарот е предизвикан од удар на гром и веќе проголта повеќе од 600 хектари. Пожарот се шири поради силните ветрови, многу сувата вегетација и многу високите температури.

За Големиот Кањон неделава беше издаден метеоаларм поради екстремно високи температури кои би можеле да надминат 46 степени Целзиусови во сенка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата