Цените на светските берзи растат поради конфликтот на Блискиот Исток

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на светските берзи растат поради конфликтот на Блискиот Исток

Првиот регулатор во земјава, Марко Бислимовски за Канал 5 вели многу е тешко во моментов да се предвиди што би се случувало со цените во следниот период бидејќи, вели, ситуацијата се менува од ден во ден. Но она што загрижува повеќе, според Бислимовски е цената на придорниот гас, која директно влијае на цената на струјата. Но, и покрај поместувањата на светските берзи, вели барем до крајот на годината цената на струјата во земјава е стабилна. 

„Мене уште повеќе ме загрижува што има зголемување на цената на природниот гас, а тоа доведува зголемување на цената на струјата на светските берзи. Во последната недела природниот гас ја надмина цената од 40 евра за мегават, аа фјучерсите за електрична енергија се веќе зголемени за трет, четврт квартал и цела 2026 година. До крајот на годината се е стабилно, бидејќи потребите на домаќинстаата се обезбедени од страна на ЕСМ по цена од 62 евра за мегават и таа е фиксна цена. “ - Марко Бислимовски – Регулаторна комисија за енергетика

Од Владата за Канал 5 велат, ситуацијата се следи, состојбата со нафтените деривати во моментов е стабилна, а стоковите резрви полни. Само во тековниот месец велат набавени биле 5 милиони литри, а до крајот на годината се планира и нова набавка со случен обем. Од Влада уверуваат дека доколку дојде до значително зголемување на цената на нафетните деривати тие ќе интервенираат.

„Буџетските средства на Агенцијата кои се во износ од околу 800 милиони денари, се насочени пред сѐ кон обврските за складирање, додека преостанатите финансии овозможуваат редовни набавки на дополнителни количини деривати. Иако куповната моќ е стабилна, сепак преостанува обврската за разледување на можностите за зголемување на капацитетите и исполнување на стандардите.“ - Влада

Цената на барел, во моментов на светските берзи достигнува и над 75 долари. Последен пат висок скок на цените, имаше во март 2022 година, веднаш по стратот на војната во Украина.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата