Тридневна жалост во Бразил по уривањето на патнички авион

10.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тридневна жалост во Бразил по уривањето на патнички авион

„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.

Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата