Трамп жестоко му одговори на Бајден: Најлош претседател во историјата на Америка

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп жестоко му одговори на Бајден: Најлош претседател во историјата на Америка

„Заспаниот Џо Бајден, најлошиот претседател во историјата на САД, им дозволи на милиони и милиони криминалци, многу од нив убијци, дилери на дрога и луѓе ослободени од затвори и психијатриски установи ширум светот, да влезат во нашата земја преку неговата многу опасна и лошо дизајнирана отворена граница“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Тој изјави дека се извинил, но дека негова работа е да ги избрка тие убијци и хулигани од САД.

„За тоа сум избран. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп.

Поранешниот претседател Бајден претходно го обвини Трамп дека предизвикува трговска војна и ја води земјата во рецесија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата