Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

27.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

Трамп тврди дека го враќа богатството во САД, велејќи дека странските земји го ограбиле во размери без преседан.

-Тие зедоа толку многу од нашата земја, и пријателите и непријателите. И искрено, пријателите честопати беа многу полоши од непријателите. А тоа е многу скромно, им рече тој на новинарите во Овалната соба.

„Она што ќе го направиме е да поставиме царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведени во САД“, додаде тој.

Царините за автомобили ќе стапат на сила на 2 април. Царините од 25 проценти ќе бидат додадени на сите веќе воведени давачки за увоз на автомобили.

Не е јасно како царините ќе се наметнат, имајќи предвид дека многу автомобили произведени во САД се направени од увезени делови, но Трамп вети дека ќе има „многу силна полиција“ за својата наредба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење за ваквиот потег на Трамп и воведувањето царини за извоз на автомобили од Европската унија во САД.

„Царините се даноци, лоши за компаниите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата