Трамп во Тексас ги посети поплавените подрачја

12.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп во Тексас ги посети поплавените подрачја

Десетици лица сè уште се водат за исчезнати. Од денот кога се случи поплавата, не се пронајдени преживеани.

Поплавите во регионот Тексас Хил Кантри, што ги опфаќа централниот и јужниот дел на Тексас, се најлошите откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Обилните дождови предизвикаа излевање на реката Гвадалупе на Денот на независноста.

- Тоа е нешто страшно. Никој не може да поверува, нешто такво, толку многу вода толку брзо, изјави  Трамп додека вчера ја напушташе Белата куќа.

Претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ слета во воздухопловната база Кели Филд, во Сан Антонио, а се се очекува Транп со хеликоптер да отпаува за Кервил, епицентарот на погодената област од поплавите, каде што ќе разговара со роднините на жртвите и спасувачите, изјави официјален претставник на Белата куќа.

Тој доби брифинг од локалните власти во округот Кер, епицентарот на штетата. Округот се наоѓа во област позната како „патека на ненадејни поплави“ каде што се случиле некои од најсмртоносните поплави во САД.

На 4 јули за помалку од еден час наврнаа над 30 сантиметри дожд, по што за неколку часа нивото на водата во реката се искачи од околу 30 сантиметри на 10,4 метри. Повеќе од 160 лица сè уште се водат за исчезнати, соопштија претставници на округот Кер, забележувајќи дека таквите бројки често се претерани.

Во поплавите настрадаа најмалку 36 деца, најмногу од Камп Мистик, христијански камп за девојчиња на брегот на реката. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата