Трамп ветил помош за Мјанмар

28. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ветил помош за Мјанмар

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со претставници на властите на Мјанмар по силниот земјотрес што денеска ја потресе земјата.

„Ќе помогнеме“, изјави Трамп во Белата куќа.

Најмалку 144 лица загинаа во земјотресот во Мјанмар. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.

Во соседен Тајланд загинаа најмалку 10 лица. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата