Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп изјави дека не му е јасно дали потенцијалниот демократски кандидат за претседател Камала Харис е Индијка или Афроамериканка, бидејќи, како што тврди, првично се претставувала како „црнка“ и „ сега таа ја промени играта“.
- Таа отсекогаш била со индиско потекло и самата го промовирала индиското наследство, а сега сака да биде позната како Афроамериканка. Па, не знам дали е Индијка или Афроамериканка. Ја почитувам во секој случај, но таа очигледно не, бидејќи прво беше Индијка, а потоа направи пресврт и сега е црна - рекол Трамп на состанокот на Здружението на афроамериканските новинари, пренесува CNN (CNN).
Мајката на Камала Харис била Индијка, а нејзиниот татко Јамајканец и двајцата емигрирале во САД.
Харис е родена во Оукленд, Калифорнија и студирала на Универзитетот Хауард во Вашингтон.
Таа е првата жена, првата Афроамериканка и првата жена од Јужна Азија која станала потпретседател на САД.