Трамп со нова мировна иницијатива, големите сили воздржани

22.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп со нова мировна иницијатива, големите сили воздржани

Новото глобално тело чија основна цел е да разрешува безбедносни кризи, а во кое многумина препознаваат обид за воспоставување нов глобален поредок под надзор на Вашингон беше претставено на маргините на форумот во Давос. Трамп кој застанува на чело на иницијативата порача дека ќе соработува со Обединетите Нации, иако во неколку наврати ја доведе во прашање ефективноста на светската организација и сугерираше дека може да преземе дел од неговата улога.

-Овој одбор има шанса да биде една од најзначајните тела некогаш создадени. Секогаш велев дека ОН имаат огромен потенцијал, но не го искористиле. За осум војни, колку што завршив, никогаш не разговарав со ОН за ниту една од нив. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

19 лидери беа присутни на церемонијата и еден по еден ставија потпис на основачкиот документ. Од Европската Унија беа присутни само унгарскиот и бугарскиот премиер Орбан и Жељазков, од регионот само косовската претседателка Вјоса Османи. Немаше ниту еден лидер од земјите членки на Советот за безбедност. Трамп покана испратил до 50-ина земји и изрази оптимизам дека сите наскоро ќе бидат дел од иницијативата, најавујќи скорешно решение и за Украина.

-Тоа се мои пријатели. Да погледнам. Секој од нив ми е пријател. Неколкумина ми се допаѓаат, неколкумина не. Всушност, во оваа група сите ми се допаѓаат. Можете ли да поверувате. Обично, имам двајца тројца што не можам да ги поднесам.  , изјави Трамп.

Повеќето водечки европски земји или го одбија или засега се воздржани за членство во Одборот за мир, вклучително и Франција, Германија, Британија, кои во наголем дел стравуваат дека и Русија може да се вклучи во иницијативата, која пак, денеска испрати позитивен сигнал.

-Ние сме подготвени да испратиме милјарда долади за Одборот за мир, со цел да пружи поддршка на палестинскиот народ. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Одборот за мир првично беше замислен само како меѓународно тело за надгледување на мирот во Газа, но во меѓувреме прерасна во идеја со поширок формат за разрешување и на други глобални кризи, засега без јасен меѓународен мандат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата