Трамп се сретна со еквадорскиот претседател Даниел Нобоа

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп се сретна со еквадорскиот претседател Даниел Нобоа

Средбата се одржа две недели пред вториот круг од претседателските избори во Еквадор закажан за 13 април, кога Нобоа ќе се соочи со левичарската кандидатка Луиза Гонзалес.

Триесет и седумгодишниот Нобоа беше избран за претседател на Еквадор во 2023 година за да го отслужи остатокот од мандатот на Гиљермо Ласо. По преземањето на функцијата, Нобоа вети дека ќе се бори против нарко-бандите во земјата.

Со почетокот на неговиот втор мандат, Трамп започна решителна борба против фентанилот, кој секоја година убива околу 70.000 луѓе во САД. Една од мерките против неговото ширењето беше воведувањето царини за Мексико, Канада и Кина.

Нобоа, кој е син на еден од најбогатите бизнисмени во Еквадор, прогласи вонредна состојба, распореди воени единици на улиците и затворите, а следеше серија апсења на водачи на криминални банди. Според податоците од еквадорското претседателство минатата година, овие мерки доведоа до намалување на жртвите на насилство за 15 отсто. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата