Трамп: Сакав да ја растурам Енвидија, а не знаев ни кој е нивниот шеф

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Сакав да ја растурам Енвидија, а не знаев ни кој е нивниот шеф

За време на говорот за лансирање на неговиот нов Акционен план за вештачка интелигенција, американскиот претседател Доналд Трамп откри дека предложил едноставно растурање на Енвидија, иако, според сопственото признание, никогаш не слушнал за компанијата или за нејзиниот извршен директор Јенсен Хуанг.

Трамп зборуваше на Самитот за вештачка интелигенција во Вашингтон, каде што презентираше нов план на САД за вештачка интелигенција.

Во своите забелешки, тој спомена и им се заблагодари на некои од водечките луѓе во индустријата за вештачка интелигенција: „Им оддавам посебна благодарност на некои од водечките луѓе во индустријата кои се тука денес, вклучувајќи го и некој кој е навистина неверојатен“, рече тој, алудирајќи на Хуанг.

„Кој е тој човек? Како се вика?“

„Порано велев, погледнете, ќе го апсиме овој човек - ова беше пред да знам како функционираат работите - реков дека ќе ги апсиме нив“, продолжи Трамп. „Ми рекоа дека е многу тешко, прашав зошто. Прашав, колку пазарен удел има? Господине, тој има 100%.“

Потоа Трамп рече: „Прашав, кој е тој воопшто? Како се вика? Ми кажаа дека се вика Јенсен Хуанг, Nvidia. Реков, што е Nvidia? Никогаш не сум слушнал за тоа.“

„Си мислам, би можеле малку да ги растуриме, да им создадеме малку конкуренција, но сфатив дека не е лесно во таа индустрија“, додаде американскиот претседател.

Трамп тврди дека предложил да се соберат „најголемите умови“ и „да се работи заедно неколку години“ за да се обиде да се изедначи со успехот на Nvidia, на што му било кажано дека дури и ако Хуанг работи „тотално некомпетентно“ од сега па натаму, ќе им требаат 10 години за да го стигнат.

На крајот, тој го пофали Хуанг и неговите достигнувања: „А потоа го запознав Јенсен и сега сè ми е јасно.“

Nvidia скокна на 4 милијарди евра вредност за десет години

Вредноста на акциите на Nvidia експлодираше во текот на изминатата деценија, главно благодарение на успехот на компанијата во развојот на хардвер за вештачка интелигенција. Неодамна, нивната пазарна капитализација надмина 4 трилиони евра, иако достигнаа граница од 1 трилион евра само пред две години.

Што се однесува до новиот Акционен план за вештачка интелигенција на Трамп, документот од 20 страници дефинира три јасни цели: забрзување на иновациите во вештачката интелигенција преку намалување на бирократијата и регулативите, изградба на американската инфраструктура за вештачка интелигенција и поттикнување на употребата на американската технологија за вештачка интелигенција меѓу сојузниците и партнерските земји.

Иако планот предвидува проширување на технологијата за вештачка интелигенција развиена од компании како Nvidia, документот, исто така, најавува проширени ограничувања за извоз и дополнителни забрани за компоненти што се користат во производството на полупроводници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата