Претседателот сега вети дека ќе го замени и наместо тоа ќе создаде „одличен компјутеризиран систем за сите контролни кули“, пишува Мирор.
Трамп (78) алудираше на системот што го користи во неговиот приватен авион кога им се обрати на новинарите една недела по трагедијата во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон.
Говорејќи во зградата на Капитол, Трамп рече дека САД потрошиле милијарди долари обидувајќи се да „вратат стар, расипан систем“ наместо да инвестираат во нов.
„Мислам дека она што ќе се случи е дека сите ќе седнеме и ќе создадеме одличен компјутеризиран систем за нашите контролни кули“, додаде тој.
Да потсетиме, патнички авион со 60 патници и четворица членови на екипажот се урна при слетување во Вашингтон. На падот му претходеше судир во воздух со воен хеликоптер. Несреќата се случила околу 21 часот по локално време. Авионот летал од Вичита за Вашингтон. Хеликоптерот со кој се судрил бил на тренинг лет.
Експертите сега шпекулираат што би можело да ја предизвика оваа трагедија. Сите главно се согласуваат дека тоа е еден од „најкомплицираните“ аеродроми во САД и се сомневаат дека светлината во „тесниот воздушен простор“ можела да ги збуни пилотите.
Бројот на персоналот во контролната кула на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон во моментот на авионската несреќа во Вашингтон бил несоодветен за обемот на работа, се вели во најновиот извештај објавен од FAA.
Имаше некаков „проблем со надморската височина“ кога воен хеликоптер „Блек Хок“ се судри со патнички авион во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон минатата недела, изјави во средата за Фокс њуз американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Да потсетиме, во несреќата загинаа 67 лица.