Трамп повтори дека „постои многу добра шанса за договор со Иран“

23.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп повтори дека „постои многу добра шанса за договор со Иран“

- Тоа е единствено поради одличната работа што ја заврши нашата војска – рекол Трамп во изјава за време на настан во Тенеси, пренесе „Тајмс оф Израел“.

- Се надевам дека договор е можен, но без разлика на сè, ќе се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје – рече Трамп.

- Сега, Иран има уште една можност да им стави крај на заканите кон Америка и нашите сојузници, и се надеваме дека ќе ја искористат. Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни и ќе има многу посигурна планета – додаде тој.

Трамп повтори дека „разговорите со Иран одат многу добро“.

- Тие сакаат мир. Се согласуваат дека нема да имаат нуклеарно оружје, итн., итн., но ќе видиме … Би рекол дека постои многу добра шанса за договор – рече Трамп.

Тој инсистира дека договорот за кој се разговара со Иран ќе биде корисен за сојузниците на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, кој „беше одличен партнер во оваа борба“.

- Даваме рок од пет дена, а потоа ќе видиме каде ќе нè однесе тоа … Мислам дека многу лесно би можело да излезе многу добар договор за сите — исто толку добар како кога би оделе до крај и буквално би го збришале местото – рече Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата