Според соопштението на Белата куќа, наредбата ѝ наложува на државната обвинителка Пем Бонди да „ја промени судската пракса и да ги укине декретите за согласност“ кои, како што се наведува, ја ограничуваат можноста на локалните власти да задржуваат лица на улица кои претставуваат ризик за себе или за другите, јави Си-Би-Ес Њуз.
Наредбата предвидува и федерално финансирање за преместување на бездомници кои, како што се наведува, „предизвикуваат јавен неред“ или боледуваат од „сериозни ментални болести или зависности“, во центри за лекување, амбулантна нега или други установи.