Трамп, исто така, рече дека Јапонија се согласила да инвестира 550 милијарди долари во САД, при што Вашингтон ќе добие „90 проценти од профитот“. Американскиот претседател не даде дополнителни детали за тоа како ќе функционира договорот, забележува ДПА.
-Тукушто склучивме огромен договор со Јапонија, можеби најголемиот договор досега, рече Трамп на Truth Social.
Американскиот претседател додаде дека Јапонија ќе го прошири својот пазар за трговија, вклучувајќи автомобили, камиони, ориз и одредени земјоделски производи.