Трамп: Нема можност за избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја вратиме земјата во добра состојба

6.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Нема можност за избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја вратиме земјата во добра состојба

 Тој не очекува одржување на избори во наредните 30 дена, што според венецуелскиот устав е и крајниот рок за нивнo одржување во случај на отсуство на претседателот.

Американската операција во Венецуела синоќа предизвика жестоко соочување на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН.  Каракас потегот на САД го оцени како нелегален напад и грубо кршење на меѓународното право . со барање за ослободување на Николас Мадуро се приклучија и Русија и Кина, додека американскиот амбасадор Мајк Волц апсењето го опиша како легитимна операција за спроведување на законот и борба против наркотероризмот.

-Венецуела е жртва на овие напади како резултат на нејзиното природно богатство. Нафтата, енергијата, стратешките ресурси и геополитичката позиција на нашата земја историски се фактори на алчност и надворешен притисок. Се соочуваме со логика што се однесува на најлошите практики на колонијализмот и неоколонијализмот. Самуел Монкада – амбасадор на Венецуела во ОН.

- Мадуро не е само обвинет трговец со дрога. Тој беше нелегитимен таканаречен претседател. Тој не беше шеф на држава. САД нема да отстапи во своите акции за заштита на Американците од неволјата на наркотероризмот и се стремиме кон мир, слобода и правда за големиот народ на Венецуела. Мајк Волц – амбасадор на САД во ОН.

Мадуро, вчера пред федералниот суд во САД изјави дека не се чувствува виновен и дека сè уште се смета за претседател на својата држава. Неколку часа подоцна се огласи и венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која изрази благодарност за акцијата на Трамп. Добитничката на Нобеловата награда за мир апсењето на Мадуро го нарече „огромен чекор за човештвото“.

-Во име на венецуелскиот народ, сакам да изразам благодарност за неговата (на Трамп)  храбра визија, историските акции што ги презеде против овој наркотерористички режим.

Паралелно, растат и стравувањата во Гренланд, откако Трамп најави дека и други земји би можеле да станат цел на американска интервенција. Граѓаните велат дека по случувањата во Венецуела, изјавите на Трамп за неговите аспирации кон Гренланд ги сфаќаат многу посериозно. Марија Корина Мачадо – опозициска лидерка на Венецуела.

Мора да се зборува малку по сериозно. Ова и нас не става во мисла,  што може да смисли сега, кога го направи тоа што го направи во Венецуела..  Ме шокираше, бидејки се надевав дека заборавил на нас, но очигледно тој го мисли тоа сосема сериозно, што не е баш кул..

-Можам да ја разберам загиженоста кај дел од граѓаните, но ние во моментов соработуваме и сакаме да ја создадеме или повторно да ја започнеме добрата соработка што претходно ја имавме со САД.. Јенс-Фредерик Нилсен – премиер на Гренланд.

Данската премиерка Фредериксон оцени дека евентуален напад на САД врз друга земја-членка на НАТО би значел крај на самата алијанса. Со слично предупредување вчера излезе и Европската комисија, нагласувајќи дека безбедносните интереси не смеат да се користат како изговор за анексија на Гренланд. Ваквата идеја Трамп веќе повеќепати ја изнесуваше во јавноста, нудејќи дури и откуп на територијата, без целосно исклучување на можноста за употреба на воена сила..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата