- Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска.
Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и носачи на оружје, истекува на 5 февруари следната година.
Ова е првпат Трамп да се изјасни јавно за судбината на договорот откако повторно ја презеде функцијата на 20 јануари годинава.
- Кога ќе ги укинеш ограничувањата за нуклеарното оружје, тоа станува голем проблем, изјави Трамп.