Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот претседател Бил Клинтон поминувале време на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин..
Никогаш не сум бил на островот на Епстин, ниту каде било во близина, и до вечерашната лажна и клеветничка изјава, никогаш не ме обвинувале дека сум бил таму, дури ни медиумите кои инаку објавуваат лажни вести, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „трут соушл“.

