Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“, што укажува на продолжување на директната дипломатија со Пјонгјанг, објави Фокс њуз.
Американскиот лидер направи ненајавена обиколка на Белата куќа и го откри планот пред новинарите.
„Се сложувам многу добро со него. Очекував да се сретнам со него подоцна оваа година. Да, ќе се сретнам“, рече Трамп.
Трамп не сакаше да каже дали разменил писма со Ким Џонг-ун.
„Не можам да ви кажам тоа“, кратко рече Трамп.
"Are you expecting to meet with [Kim Jong Un] later this year?"@POTUS: "Yeah, I will be." pic.twitter.com/63KgHgme2D
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) August 19, 2026
Американскиот претседател постојано го истакнуваше својот личен однос со севернокорејскиот лидер како предност, нарекувајќи го Ким „многу моќен играч“ и велејќи дека можноста за поттикнување квалитетни односи е „добра работа, а не лоша работа“.
Трамп не го прецизираше датумот или локацијата на можната средба, а овие лидери последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година. Сепак, пред војната во Украина и Израел, најавената средба потенцијално би можела да биде од историско значење за целата планета.

