Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина

5.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина

Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес Њуз“, изрази незадоволство од продолжувањето на војната меѓу Русија и Украина, опишувајќи го конфликтот како „најтежок досега“.

- Не ме радува касапницата меѓу Русија и Украина, рече Трамп, додавајќи дека ќе продолжи да работи на постигнување мирно решение. Тој изрази фрустрација што не успеал да го запре конфликтот, кој започна со руската инвазија во февруари 2022 година, иако првично очекуваше дека ќе го стори тоа веднаш по стапувањето на функцијата во јануари.

Трамп, исто така, нагласи дека иако дал придонес за надминување на многу војни, конфликтот меѓу Русија и Украина останува особено тежок за решавање. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата