Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека неговата администрација ќе почне да испраќа формални известувања до трговските партнери за воведувањето нови царини што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи.

Во обраќањето пред новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за царините најдоцна до 9 јули, објави Блумберг.

Новиот царински режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори.

Тој рок истекува на 9 јули, а американскиот претседател посочи дека нема да има дополнително продолжување.

Во меѓувреме, САД постигнаа три трговски договори - со Виетнам (официјализирани во среда), како и рамковни договори со Кина и Обединетото Кралство.

Белата куќа сè уште преговара за царините со клучни партнери како што се Европската Унија, Јапонија, Индија и Јужна Кореја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата