Трамп најави набавка на „многу повеќе“ невидливи бомбардери Б-2

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп најави набавка на „многу повеќе“ невидливи бомбардери Б-2

Трамп ја искористи приликата да ја пофали ефективноста на авионите, кои претходно оваа година беа користени за американски напади врз ирански нуклеарни цели.

Тие прекрасни бомбардери Б-2 целосно го уништија нуклеарниот потенцијал на Иран, изјави Трамп. 

- Само што нарачавме многу повеќе од нив, а причината е што се целосно неверојатни, целосно невидливи, додаде американскиот претседател. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата