Трамп му даде рок од 10 до 12 дена на Путин да ја заврши војната во Украина

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп му даде рок од 10 до 12 дена на Путин да ја заврши војната во Украина

Зборувајќи во Шкотска, каде што одржува состаноци со европски лидери и игра голф, Трамп денеска рече дека е разочаран од Путин и го скрати рокот од 50 дена што го постави овој месец, објави Ал Џезира.

„Ќе одредам нов рок од околу... 10 или 12 дена од денес“, им рече Трамп на новинарите за време на состанокот со британскиот премиер Кир Стармер. „Нема причина да се чека... Едноставно не гледаме никаков напредок.“

Засега нема непосреден коментар од Кремљ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата