Трамп ќе го потпише законот за намалување на даноците и трошоците на посебна церемонија

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ќе го потпише законот за намалување на даноците и трошоците на посебна церемонија

-Заедно ќе ја прославиме независноста на нашата земја и почетокот на нејзиното златно доба, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Претходно, Белата куќа објави дека церемонијата за потпишување на законот ќе биде во 17 часот по локално време.

Во меѓувреме, повеќе од 130 пензионирани дипломати и други поранешни високи американски функционери објавија отворено писмо во кое ја критикуваат планираната реконструкција што би отпуштила илјадници работни места.

-Остро ја осудуваме објавената одлука на државниот секретар Марко Рубио да спроведе сеопфатно намалување на персоналот и реорганизација на американскиот Стејт департмент, се вели во писмото.

Меѓу потписниците се десетици поранешни амбасадори и високи функционери, вклучувајќи ја и Сузан Рајс, која беше советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама.

Кон крајот на мај, администрацијата на Трамп го извести Конгресот за своите планови за реорганизација на дипломатскиот кор, што би можело да скрати илјадници работни места, вклучувајќи стотици членови на елитната дипломатска служба.

Првичните планови за испраќање на известувањата за отпуштање минатиот месец беа запрени откако федерален судија на 13 јуни привремено го блокираше Стејт департментот од спроведување на планот за реорганизација. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата