Трамп: Јужна Африка нема да биде поканета на самитот на Г20 следната година во САД

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Јужна Африка нема да биде поканета на самитот на Г20 следната година во САД

САД го бојкотираа овогодинешниот самит на Г20 во Јоханесбург, кој се одржа минатата недела.

Самитот во Јоханесбург усвои декларација за борба против климатските промени и другите глобални предизвици и покрај приговорите на САД, што ја поттикна Белата куќа да каже дека Јужна Африка ги злоупотребила своите права за домаќинство оваа година.

„На крајот од самитот на Г20, Јужна Африка одби да му го предаде претседателството на Г20 на висок функционер во амбасадата на САД, кој присуствуваше на церемонијата на затворање“ на самитот. Поради оваа причина, Јужна Африка нема да биде поканета на Г20 следната година“ во Мајами, Флорида, рече Трамп.

Трамп постојано ги обвинува јужноафриканските власти дека дозволуваат прогон на белото малцинство во земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата