Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулираше дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: „Израел не би го направил тоа. Израел никогаш не би го направил тоа“.

Според проценките на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел поседува 90 нуклеарни боеви глави. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата