Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).

Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.

- Претседателот Трамп го исполнува своето ветување за заштита на Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат, напиша на X портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон.

Белата куќа соопшти дека забраните ги погодиле оние земји кои претставуваат „висок безбедносен ризик за САД“.

Сличен потег Трамп направи и во својот прв мандат, кога објави забрана за влез на патници од седум земји со мнозинско муслиманско население. Но, таа одлука беше укината од поранешниот претседател Џо Бајден во 2021 година, нарекувајќи ја „дамка на совеста на американската нација“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата