Трамп го обвини Зеленски за започнување на војната со Русија

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го обвини Зеленски за започнување на војната со Русија

 Коментарите на Трамп доаѓаат по широката меѓународна осуда на рускиот напад врз украинскиот град Суми во неделата, кој беше најсмртоносниот врз цивили оваа година.

Кога започнувате војна, треба да знаете дека можете да ја победите војната.

Освен Зеленски, тој за војната го обвини и неговиот претходник Бајден и рускиот претседател Путин..

-Не започнувате војна против некој 20 пати поголем од вас, а потоа се надевате дека луѓето ќе ви дадат некои проектили.Она што е најважно, имаш милиони мртви, милиони луѓе мртви, поради три лица. Јас би рекол три лица. Да речеме, Путин број еден, да речеме Бајден, кој немаше поим што по ѓаволите прави, број два, и Зеленски, истакна Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата