Трамп го објави освојувањето на Харга, а потоа се предомисли во рок од половина час

11.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го објави освојувањето на Харга, а потоа се предомисли во рок од половина час

Иран одговори со контранапади врз американски цели во Кувајт и Бахреин.

Трамп има нова објава за Иран на Truth Social. Тој најави нови жестоки напади врз Иран и заземање на островот Харга и преземање на иранската нафта. Го пренесуваме соопштението во целост: „Соединетите Американски Држави вечерва ќе удрат многу силно врз Иран, чија морнарица, воздухопловни сили, радари, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана, заедно со поголемиот дел од неговите офанзивни капацитети, се УНИШТЕНИ.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно зборуваше за тврдењата дека има намера да го преземе иранскиот остров Харг. Во интервју за Фокс њуз, тој малку ги ублажи своите претходни закани.

Тој рече дека негова „преференција“ би била да го освои Харга, но додаде дека „не е сигурен дали САД имаат апетит за тоа“. Трамп, исто така, рече дека САД сè уште преговараат со Иран за можен договор, но додаде дека Иранците се „горди“. Тој рече дека „подобро да не“ ги таргетира мостовите и електраните во Иран и дека не сака да ги остави Иранците без вода за пиење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата